Актуелно
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и ветровито со врнежи од дожд – во вторник заладување и снег!
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено во југозападните делови.
Температурата ќе се движи од 13 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец,
Температурата ќе достигне до 21 степени.
Од утре до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од западен правец. Во вторник ќе биде посвежо со засилен ветер од северен правец, а врнежите на планините ќе преминуваат во снег.