Актуелно
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Потопло и стабилно време – од среда заладување и повторно снег!
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб јужен ветер.
Температурата ќе се движи од пет до 13 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб јужен ветер.
Температурата ќе достигне до 8 степени.
Во понеделник ќе преовладува стабилно и топло време за овој период од годината. По котлините ќе има појава на слаба утринска магла. Потоа во вторник ќе биде променливо облачно со локален дожд и ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Од среда се очекува опаѓање на дневната температура што ќе предизвика врнежите на некои од повисоките места и на планините да преминат во снег.