Вести
Временска прогноза: Вечерва засилен северен ветер, од утре сонце и повисоки температури
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе провејува снег особено во претпладневните часови, а кон крајот на денот облачноста значително ќе се намалува. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од два до девет степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до шест степени.
Особено силен ветер се очекува утре кога брзината повремено ќе достигне и до 70 километри на час. Во следните денови на повеќе места утринските температури ќе бидат негативни, а во петок минималните температури ќе се движат меѓу минус шест и еден степен, а дневните ќе бележат пораст.