Вести
Временска прогноза за празничниот викенд: Сончево и потопло со ветер
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло. Мала локална облачност ќе биде застапена во западните планински предели. Претпладне ќе дува умерен ветер од северен правец, а попладне ветерот ќе го промени правецот во јужен.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а попладне од јужен. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и релативно топло што ќе овозможи интензивно топење на снежната покривка на планините.
В недела кон крајот на денот ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за локална нестабилност проследена со краткотраен локален дожд и со грмежи.
Во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.