Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: За продолжениот празничен викенд дожд и засилен ветер

Актуелно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: За продолжениот празничен викенд дожд и засилен ветер

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 16 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

За време на продолжениот празничен викенд нашата земја ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат претежно облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни. Во сабота и недела локално се очекува да наврнат околу 50 литри на метар квадратен воден талог, особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен, а во недела повремено засилен југоисточен ветер.

В понеделник врнежите ќе бидат локализирани и со послаб интензитет, особено претпладнето.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.