Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Дожд, грмежи и локално невреме
Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Oд пладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално врнежите ќе имаат интензивен карактер, а повеќе се очекуваат во западните делови. Не е исклучена и ретка појава на невреме со град.
Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 28 до 36 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 32 степена.
Променливо и нестабилно со врнежи од дожд ќе биде и утре, особено во првата половина од денот во западните делови, каде се очекува да наврнат над 25 литри на метар кубен. Дневната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.
Од среда се очекува претежно стабилно време со пораст на температурата.