Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно и нестабилно, попладне пороен дожд и грмежи
Променливо облачно и нестабилно со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен проследен со грмежи.
Поизразена нестабилност ќе има во северните и југозападните делови, каде локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со обилен пороен дожд (над 30л/м2), електрични празнења, засилен ветер и со услови за изолирана појава на град. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 15 до 22, а дневната од 28 до 35 степени..УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе достигне до 33 степени.
Во вторник ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен проследен со грмежи. Во среда ќе има локална нестабилност, а потоа во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и суво.