Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со дожд и ветер
Облачно време со врнежи од дожд и слаб југоисточен ветер ќе преовладува денеска во Македонија.
Претпладне врнежите ќе бидат позастапени во западниот дел од државата, а во попладневните часови врнежите со слаб и умерен интензитет ќе се прошират насекаде.
Утринската температура ќе се движи од 7 со 14, а дневната од 16 до 23 степени.
Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога на повеќе места се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен.
Во Скопје претпладне ќе биде облачно со услови за краткотраен дожд, а од попладневните часови ќе има слаб до умерен дожд и ќе дува североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
До крајот на продолжениот празничен викенд Македонија ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови од Медитеранот. Времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни, особено на југ каде што ќе бидат проследени и со ретки грмежи.