Вести
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со слаб дожд и ветер – од понеделник затоплување на времето
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно. Во западните делови ќе има кратки сончеви периоди, а во јужните и во источните делови на земјава ќе има услови за слабо проврнување на дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од осум до 15 степени.
Во Скопје слично време, претежно облачно со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 15 степени.
До вторник ќе преовладува стабилно време без врнежи и со пораст на дневната температура. В среда повторно се очекува од север да се спушти релативно брз и студен бран кој ќе предизвика температурата на воздухот да опадне за неколку степени. Ќе има повремени врнежи од дожд со послаб интензитет, а на повисоките планини ќе има локален снег. Потоа повторно се очекува стабилизирање и затоплување.