Вести
Времето денес: Облачно со врнежи од дожд и пониски температури
Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините ќе паѓа снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 13 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време и ќедува слаб до умерен ветер од источен правец. Дневната температура ќе достигне до 11 степени.
Според УХМР, утрово најстудено беше во Маврово, минус два степена, во Лазарополе и Крушево се измерени нула степени, во Берово и Претор два, во Кр.Паланка, Битола, Прилеп, Охрид четири, во Тетово и Дебар пет, во Скопје, Кавадарци, Куманово и Виница шест, во Струмица и Штип седум, а во Демир Капија, Гевгелија и Дојран осум степени.
Изминатите 24 часа наврнати се осум литри на метар квадратен во Лазарополе, шест во Битола, Крушево и Пожаране, пет во Маврово и Дојран, четири во Гевгелија и Претор, три во Охрид, и Тополчани, два во Тетово и Ѓуриште, како и еден литар во Скопје-Петровец, Куманово, Прилеп и Струмица.
Висината на снежната покривка во седум часот изнесувала 48 сантиметри во Маврови Анови, 36 во Лазарополе и пет во Крушево.
Според најавите од Управата за хидрометеролошки работи, врнежите ќе продолжат и во сабота, особено во претпладневните часови, но со послаб интензитет. Од недела времето постепено ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат во благ пораст. Во недела температурите ќе се движат од девет до 14 степени, а кон почетокот на наредната недела од 10 до 16 степени.