Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со врнежи од дожд и постудено
Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа особено во западните и југозападните делови повторно ќе бидат обилни и проследени со грмежи и со засилен ветер.
Се очекува во текот на утрешниот ден да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог. Преку денот ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 15 до 22 степена.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено интензитетот ќе се засилува, а ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Потоа следува период на стабилизирање на времето и постепено затоплување.