Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Посвежо со северен ветер, дожд и грмежи
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во Пелагонија.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 22 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
И утре времето ќе биде променливоо облачно и свежо, со локални врнежи од дожд со променлив интензитет, проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. Температурата на воздухот ќе биде значително пониска во однос на претходните денови. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.