Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со засилен ветер
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но предпладне локално сеуште ќе има услови за слаб дожд, особено во крајните западни и источни планински предели. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 6 до 13, а преку денот ќе се искачи од 13 до 21 степен.
Во Скопје слично време со температура од 9 до19 степени.
Од вторник ќе настапи период на стабилно и потопло време, освен во четврток попладне кога ќе има услови за локална нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.