Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со локална облачност и слаб ветер – од понеделник затоплување
Времето во Македонија во утринските часови ќе биде студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во североисточните и крајните западни делови умерен ветер од северен и источен правец.
Утринската температура ќе биде -4 до 5, а дневната ќе се движи од 13 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и температура до 16 степени.
Подрачјето на Македонија и понатаму останува во поле на зголемен воздушен притисок, кој ќе биде највисок во текот на утрешниот ден кога ќе биде за околу 20 мерни единици повисок од просечниот.
Од понеделник ќе бидеме под влијание на потопла, но сува воздушна маса, па температурите ќе бележат пораст, а условите за појава на утринска магла ќе бидат мали.