Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Топло со температура до 35 степени
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Во попладневните часови ќе има појава на мала локална облачност.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 28 до 35 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер и со максимална температура до 35 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 6.
Според најавата од Управата за хидрометеролошки работи, и денеска северните делови од земјата ќе бидат во жолта фаза во однос на високите температури.
Во недела претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб умерен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има и услови за невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. Во текот на ноќта, како и во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен) и проследени со ретки грмежи.
Во понеделник ќе има и значителен пад на дневната температура, која ќе се движи од 19 до 24 степени. Во вторник се уште ќе има повремени врнежи од дожд, а потоа ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневните температури.