Вести
Времето денеска: Облачно со дожд и снег
Највисока снежна покривка во Македонија изутринава е измерена во Маврово, 102 сантиметри. Во Поражаране висината на снежната покривка достигна 41 сантиметар, 40 во Ѓуриште, 27 Лазарополе, 26 Крушево, 23 Пожар, 11 Крива Паланка, 6 Берово и еден сантиметар во Тетово.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Пожаране се наврнати 7 литри дожд на метар квадратен, 5 кај Зајчев рид Скопје и во Тетово, 4 во Маврово, 3 во Скопје- Петровец, Штип, Куманово и во Дебар и 2 во Виница. Најниска температура од – 6 степени Целзиусови изутринава е измерена во Маврово, по што следат Лазарополе со – 2 Крушево и Берово со -1, а 0 степени во Крива Паланка, Куманово, Тетово и Дебар.
Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени и локални врнежи од дожд, на планините од снег, на повисоките места од дожд и снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западниот и јужниот дел од земјава. Во попладневните часови постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб ветер од северен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје облачно време претпладне со повремен слаб дожд.. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 6 степени.
УХМР најавува дека во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален краткотраен дожд, на планините со локален снег.