Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Wizz Air ќе воведе вакцинација против КОВИД-19 за екипажот

Вести

Wizz Air ќе воведе вакцинација против КОВИД-19 за екипажот

Wizz Air ќе воведе вакцинација против КОВИД-19 за екипажот

Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, денес објавува дека од 1 декември 2021 година ќе бидат потребни вакцинации против КОВИД-19- или редовно тестирање на антиген/ПЦР тест во специјални случаи- за целиот екипаж.

Wizz Air, како општествено одговорна авиокомпанија, ја спроведува оваа политика како дел од својата заложба за заштита на здравјето и безбедноста на своите патници и екипаж, како и за поддршка на непречено и континуирано работење на нејзините летови на долг рок.

Wizz Air воведува вакцини против КОВИД-19 за целиот свој екипаж – или редовно тестирање на антиген/ПЦР тест во посебни случаи – бидејќи истражувањата ја покажуваат нивната ефикасност како најдобра достапна форма за заштита од КОВИД-19.

На почетокот на пандемијата, Wizz Air беше пионер во воведувањето на строги здравствени и безбедносни мерки за заштита на патниците и членовите на екипажот, обезбедувајќи максимални санитарни услови и поддржувајќи физичко дистанцирање. Како што продолжува пандемијата, Wizz Air е меѓу првите европски авиокомпании што дополнително ги зајакна своите заштитни мерки со оваа политика, која ќе се спроведе во согласност со поддршката на локалните власти и здравствените институции низ базите на Wizz Air.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.