Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Wizz Air со нов начин на селекција на седишта за патниците

Актуелно

Wizz Air со нов начин на селекција на седишта за патниците

Wizz Air најголемата ниско-буџетна авио-компанија во Централна и Источна Европа, во четврток најави дека од 15 мај ќе го претстави новиот начин на селекција на седишта за да го подобри искуството и задоволството на своите патници.

Имено на селектирани рути од 4ти мај 2015 година и од 19 мај 2015 година на сите Wizz рути, патниците ќе можат да уживаат во автоматска и бесплатна селекција на седишта, кое што ќе стане дел од процесот на резервација од 8ми април. Wizz Air ќе дозволува кога е можно да се селектираат соседни седишта на истата резервација кога патниците патуваат заедно.

Потрошувачите ќе можат да ги менуваат нивните бесплатни седишта и да селектираат друго седиште за надоместок од 1€ на wizzair.com или на WIZZ мобилната апликација во било кое време, три часа пред летот. Преферираните седишта, со повеќе простор за нозете или, пак, во прв ред седишта за брзо излегување можат да бидат резервирани со повисок надомест со оглед на достапноста на истото врз основа кој прв пристигне, тој прв ќе биде услужен.

Новиот начин на селекција на седишта на Wizz Air ќе биде лансирано на селектирани рути (Будимпешта – Барселона, Катовице – Лондон, Букурешт – Дортмунд) од 4ти мај и постепено од 19ти Мај имплементирајќи го ова на сите 360 Wizz рути од 110 аеродроми низ 37 држави.

Потрошувачите со букирани седишта пред 8ми април, седиштата ќе им бидат поделени на чек-ин, додека патниците со постоечки резервации вклучувајќи “Wizz Xtra legroom” и “Wizz Reserved Seat Service” ќе бидат во можност да ги селектираат нивните седишта по избор без дополнителен трошок.

Патниците со “Wizz Premium” и “Wizz Privilege Pass Membership” ќе можат да селектираат кое било седиште бесплатно и исто така ќе продолжат да ги уживаат приоритетите при чекирање, како би ги избегнале редиците. Од 8ми април Wizz Air исто така го намалува надоместокот за приоритетите при чекирање на само 2€.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.