Вести
За една недела 78 сообраќајки во Скопје, загинат пешак
Во текот на изминатите седум дена на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 78 сообраќајни незгоди. Во една несреќа еден пешак им подлегнал на повредите.
Покрај оваа незгода, се случиле и пет незгоди со последици тешки телесни повреди. Во сообраќајките со полесни повреди се здобиле пет лица, од кои тројца пешаци и двајца возачи на патничко моторно возило. Триесет и три незгоди се со последица телесни повреди, во кои со телесни повреди се здобиле 35 лица, а 39 незгоди се со последица материјална штета.
Од МВР информираат дека и во текот на изминатата недела сообраќајната полиција спровела засилени контроли, особено околу потешките прекршоци. Притоа биле откриени и санкционирани поголем број на прекршоци. Двесте шеесет и пет возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 127 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 122 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и осум возачи поминале на црвено светло на семафор. Санкционирани се и 134 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.
Во однос на непрописно паркираните возила, со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 450 возила.