Вести
Заев и Борисов заедно се поклонија на гробот на Гоце Делчев
Да го поминеме минатото и сегашноста заради идината на Македонија, порача претседателот на македонската Влада Зоран Заев пред денешното заедничко поклонение со бугарскиот премиер Бојко Борисов на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.
Очекуваме секој да се вгради себеси во процесите кои испишуваат нова историја за Република Македонија, истакна премиерот Заев и повика на заедништво.
– На 114 години од Илинден и 73 годишнината од Првото заседание на АСНОМ изразувам одлучна верба за јасна иднина. Има светла иднина за нашата Република Македонија и има иднина за секого во оваа наша убава земја. Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти темели на коишто почнавме да ја градиме европската и евроатлантската иднинана РМ која што води до квалитетен живот. Го послушавме Делчев кој ни рече да не се губи времето. Се здруживме и ги подадовме рацеме помеѓу нас и создадовме пат кон развојот. За развојот се потребни доброволно подадени раце на граѓани и народи кои се потпираат и поддржуваат и така заеднички чекорат стабилно напред, рче Заев.
Тој упати апел за максимална одговороност и сериозност на сите граѓани и институции и истакна дека ова е време кога правиме исчекор. Се повика на Манифестот од АСНОМ. – Каква Македонија ќе изградиме, таква и ќе имаме, рече Заев. Македоија, додаде, даде пример како да се исчекори.
– Подадовме рака и раце се испружија кон нас. Бугарија ја покажа истата одговорност за заедничките цели, истакна премиерот Заев.
Тој додаде дека регионот почна да се однесува европски и затоа заслужува шанса што членките на ЕУ и на НАТО го препознаа во Трст, а истото го очекува денеска во Подгорица од потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Заев подвлече дека Македонија пружа раце и кон другите соседи. Тој повторно се осврна на Илинден нагласувајќи дека треба да ја послушаме пораката на Делчев да не се губи време.
– Затоа се здруживме заедно за да направиме чекор напред, бидејќи на Македонија и треба стабилност и развој. Борците од Илинден и од АСНОМ се нашиот завет, Македонија да ја чуваме и градиме заедно. Тој збор заедно е гаранција за иднината, нагласи премиерот Заев.
Тој повтори дека треба да покажеме одговорност кон себе и кон регионот за сите да одиме кон демократскиот свет.
По обраќањето на кое присуствуваа членови на владите и на парламентите на двете земји, претставници на политички партии и на дипломатскиот кор, двајцата премери Заев и Борисов положија цвеќе и се поклонија пред гроботна Гоце Делчев.
Со денешната церемонија на гробот на Гоце Делчев заврши дводневната посета на бугарскиот премиер Борисов на Македонија во чии рамки беше потпишан Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.