Вести
Заев и Ципрас остварија едночасовен телефонски разговор
Премиерот Зоран Заев попладнево се слушнал на телефон со грчкиот колега Алексис Ципрас.
Разговорот бил помеѓу 14 и 15 часот по македонско време. Разговарале за детали и формулации и двајцата премиери се договориле дека утре изутрина ќе се слушнат повторно, во обид за финализирање на сите детали за решавање на деценискиот спор за името.
Според грчките медиуми, Заев и Ципрас зборувале еден час, но засега нема детали што разговорале за време не едночасовниот телефонски разговор, туку единствено може да се дознае дека разговорот поминал во позитивна атмосфера.