Вести
ЗАЕВ: Или поддршка во Парламентот или нови избори (ВИДЕО)
Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека е спроведен мирен и демократски референдум и оти доколку видливо мнозинство од граѓаните гласале „за“ тогаш нивната волја треба да се спроведе во законодавниот дом, а во спротивно ќе бидат организирани предвремени парламентарни избори.
– Волјата на оние кои гласаа на овој консултативен референдум треба да се претвори во политичка активност во законодавниот дом. Ако навистина како што очекуваме сите имаме видливо големо огромно мнозниство „за“ од оние што гласале тогаш јасна е иднината. Гласот на пратениците во собранието, треба да биде глас за одлучно да ги забрзаме процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Очекуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат демократската одлука, а во спротивно ќе треба да ја употребиме другата алатка, а тоа значи предвремени парламнентарни избори, рече Заев на прес-конференција во Александар палас.