Актуелно
Заев: Избори се можни само со чист Избирачки список и регулација на медиумите
По синоќешната неуспешна средба во резиденцијата во Пржино, СДСМ се огласи со соопштение за јавноста:
„За нас не се прифатливи избори без навремена регулација на медиумите и и без навремено прочистување на Избирачкиот список.
Ако се одржат избори на 24 април, ние на такви избори нема да учествуваме, а ќе продолжиме да се бориме за фер, регуларни и демократски услови за одржување избори.
Ќе продолжиме да се бориме за слободна и демократска Македонија.“ – стои во соопштението.