Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Заев: „Кампот на слободата ја постигна целта!“

Актуелно

Заев: „Кампот на слободата ја постигна целта!“

Кампот пред Владата се затвора. Ова им го соопшти на камперите лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој им заблагодари за двомесечната поддршка во борбата за „Вистината за Македонија“.

„Кампот на слободата“, по два месеци, утре ќе биде повлечен од пред Владата. Одлука за повлекување чекаат и камперите од паркот „Жена борец“.

Кампувањето почна на 17-ти мај , по големиот митинг на СДСМ, а веќе следниот ден, по Народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ беше поставен контра камп на „Бранителите на демократијата“.

Кампот пред Владата доби широка поддршка од невладини, граѓански здруженија, активисти за човекови права, уметници кои имаа иста порака – оставка на премиерот Груевски.

Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно го поздрави постигнатиот договор за надминување на политичката криза во Република Македонија.

Создавањето преодна влада без Никола Груевски, којашто ќе ги организира следните парламентарни избори е клучен чекор за обезбедување фер и демократски избори.

Именувањето специјален јавен обвинител ќе обезбеди независна и целосна истрага на сите откриени злоупотреби на власта, констатираше ЦО на вечерашната седница.

Централниот одбор инсистира на целосна имплементација на договорот и порачува дека нема да дозволи никакво одолговлекување и злоупотреби.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.