Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЗАЕВ: В недела не е избор меѓу две политички партии, тоа е избор за нашата иднина

Вести

ЗАЕВ: В недела не е избор меѓу две политички партии, тоа е избор за нашата иднина

В недела ќе се соочите со историска одлука. Треба да направите избор. Запаметете, тоа не е избор меѓу две политички партии. Тоа е избор за вашата иднина, за иднината на вашите деца. Тоа е избор за иднината на нашата сакана Македонија.

Ова го порача премиерот Зоран Заев во видеообраќањето до граѓаните за референдумот на 30 септември.

– Овој споменик, Македониум, нè потсетува дека македонскиот народ секогаш го правел вистинскиот избор: во 1903 година за време на Илинденското востание, во 1941 година во Народноослободителната борба кога застана рамо до рамо до прогресивна Европа против фашизмот.

На 8 септември во 1991 година, со глас на референдумот донесовме одлука за слободна, независна и суверена Република Македонија. Оттогаш наваму, не се остварија сите наши стремежи, нашиот сон за европска Македонија и земја членка на НАТО.

Но денес, остварувањето на тој сон, на тој наш стремеж, е блиску. На 30 септември, секој од нас треба да стави тула во изградбата на подобра македонска иднина – да помогнеме да станеме земја членка на најмоќниот безбедносен сојуз – НАТО, и рамноправна земја во најсилната економска заедница во светот – Европската Унија.

Вие, граѓаните, го имате клучот да ја направите нашата држава членка на европското семејство.

Знам, треба да направиме отстапка и да прифатиме географска одредница кон името Македонија, но нашиот идентитет никој повеќе нема и не може да го порекне.

Гордата македонска земја се здоби со целосно признавање на нашиот македонски народ, нашиот јазик, нашето наследство. Нашиот македонски јазик е заштитен. Нашиот македонски идентитет е обезбеден засекогаш.

Химната и знамето остануваат исти и заштитени. Ние сме Македонци и секогаш ќе бидеме Македонци!

Затоа јас ќе гласам. За доброто на нашите деца. За мирна и безбедна земја, во која Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите и сите наши етнички заедници живеат добар и просперитетен живот.

В недела гласајте и вие. Вашиот глас ќе ја одреди насоката по која ќе тргне Македонија. Одлучуваат тие кои ќе гласаат. Ако огромното мнозинство гласови бидат за, ние трајно го трасираме нашиот пат кон НАТО и ЕУ.

Демократијата и правото на глас се наша највисока вредност. Во тоа име, наша граѓанска одговорност е да одиме на гласање.

В недела, вашиот глас ќе ја одреди вашата иднина и иднината на нашата земја. Сега е време за одлука. Ајде да бидеме единствени како што направивме пред 27 години.

Ајде да ја придвижиме нашата земја кон светла иднина. Заедно за европска Македонија, наведува премиерот Зоран Заев во видеообраќањето до граѓаните на Република Македонија во пресрет на референдумот на 30 септември.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.