Вести
ЗАЕВ: „Ви честитам – ова е слободната волја на граѓаните на Република Македонија!“
Владејачката СДСМ вечерва ја слави победата на локалните избори пред Влада, поради што булеварот Илинден е блокиран од мост Гоце Делчев до булеварот Свети Климент Охридски.
На поставената сцена се обрати лидерот на СДСМ и премиер на државата, Зоран Заев.
– „Почитувани граѓани, нека ви е честита и вечна слободата. Имавме предизвкик пред нас да организираме слободни избори. Еве ја слободната волја на граѓаните на Македонија. Дозволете да им честиттам на сите граѓани. Јас сум горд човек што го живеам времето кога Македонија демонстрираше слободна волја на исклучително фер и демократски избори. Така сите сме победници! Народот ја испрати пораката и даде поддршка на новите политики на владата и едно општество за сите.“ – изјави Заев.
Тој објави дека СДСМ победиле во прв круг во Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Шуто Оризари, а тесно е во Кисела Вода, Бутел и во Гази Баба, но влегуваат и како фаворити во втор круг.
Победа прогласија и во прв круг во Прилеп, Битола, Охрид, Вевчани, Дебарца Зелениково, Арачиново, Куманово, Кратово, Дојран, Гевгелија и многу други.
Инаку, СДСМ има водство во повеќе од 40 општини ширум Македонија, во 30 од нив оствари победа уште во првиот круг, а битката продолжува за градот Скопје како и за повеќе скопски општини како и поголеми градови.