Актуелно
Загина 33-годишен моторциклист на влезот во Прилеп
Утрово околу пет часот, во сообраќајка животот го загуби Влатко Трајкоски- Лацио од Прилеп, роден 1982 година, информираат од прилепското основно јавно обвинителство.
Според Ристо Шошески, основен јавен обвинител, несреќата се случила кај бензинската пумпа на „Лукоул“ на влезот во Прилеп од Плетвар околу пет часот изутрината.
– „Од засега непознати причини, Трајкоски со својот мотоцикл удрил во големото пано на бензинската пумпа на „Лукоил“ излетал и на место го загубил животот. Наредена е обдукција за да се утврдат причините на смртта“, вели Шошески.
Увид на местото на несреќата извршија полицијата и основен јавен обвинител.