Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Заладување со умерен северен ветер и снег

Вести

Заладување со умерен северен ветер и снег

Утрово е најстудено во Крива Паланка, минус четири степени, а максимални три се измерени во Претор. Најмногу дожд, пак, ноќеска наврна во Дебар, 14 литри на метар квадратен.

Според УХМР, до осум часот температурата била -3 степени во Маврово, Берово и Ѓуриште, -2 во Лазарополе, Демир Капија и Пожаране, -1 во Штип, Скопје Петровец и Битола, нула во Крушево, Тополчани, Струмица, Скопје -Зајчев Рид, Виница, Тетово, Прилеп и Дебар, еден е во Охрид, а три степени во Гевгелија.

Висината на снежната покривка достигнала 10 сантиметри во Ѓуриште, четири во Пожаране, три во Маврово и Берово и еден сантиметар во Крива Паланка.

Во изминатите 24 часа наврнале 12 литри на метар квадратен дожд во Лазарополе и Маврово, девет во Демир Капија, осум во Берово, шест во Крушево, Претор, Пожаране и Скопје, пет во Крива Паланка, Тетово, Гевгелија и Охрид, четири во Ѓуриште и Штип, три во Виница, Битола, Прилеп и Струмица, како и два литра во Тополчани.

Засега времето е умерено до значително облачно во поголемиот дел од земјава. Во Скопската котлина има слаба магла и ниска облачност, во Демир Капија и на некои повисоки места има ниска облачност и намалена видливост од 50 до 500 метри. Дува слаб ветер од југоисточен и јужен правец.

Околу пладне и попладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови. Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно и во пониските места во крајните северни и источни делови од земјава. Ќе дува умерен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го смени правецот во засилен северен. Највисоката дневна температура ќе се движи во интервалот од три до девет степени.

Во Скопје слично време со температура до пет степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно, наутро се уште ќе има провејување слаб снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со засилен северен ветер.

До крајот, пак, на работната недела се очекува стабилно, суво и постудено време со слаб до умерен северен ветер.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.