Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Запрена изградбата на гасоводот на Водно, Град Скопје повикува на дебата

Вести

Запрена изградбата на гасоводот на Водно, Град Скопје повикува на дебата

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ги повика на дебата претставниците на надлежните државни органи за изградба на гасоводот на Водно, како и претставниците на граѓанските здруженија кои покажаа загриженост. Дебатата ќе се одржи в понеделник (3 септември) во 13 часот во просториите на Советот на Град Скопје.

Тој информира дека се прекинати сите градежни активности за изградба на гасоводот на Водно до завршување на процесот на дијалог и дебата.

– Изградбата на гасоводот на Водно предизвикува загриженост и реакции во јавноста. Пред почетокот на градежните активности претходеа интензивни разговори со активистите и со загрижените граѓани и се бараа заеднички алтернативни компромисни решенија. Токму како резултат на овие разговори успеавме да се избориме за намалување на ширината на трасата на гасоводот од 25 на 10 метри и измени на трасата во еден дел од четири километри. Но, и покрај тоа, очигледно е дека во јавноста сè уште постои загриженост за ваквата траса и за изградбата на гасоводот. Од тие причини Град Скопје одлучи во понеделник во 13 часот во просториите на Советот на Градот да организира дијалог и дебата, додаде Шилегов.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.