Актуелно
Засилени српските безбедносни сили на границата со Македонија
Насловна фотографија: Даниел Краљевски / Think.mk
Српското МВР испратило дополнителни безбедносни сили на границата со Македонија, а го засилило и присуството на жандармеријата во Копненета зона кон Косово, пренесува Танјуг.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ телефонски разговарал со неговата македонска колешка Гордана Јанкулоска за актуелната ситуација и ја информирал дека се испратени доплнителни сили на границата кон Македонија.