Актуелно
Затворен сообраќајот во центарот на Скопје поради одбележување на Водици
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска привремено ќе биде затворен сообраќајот во центарот на Скопје поради чествување на празникот Богојавление – Водици и спуштање на Светиот крст во Вардар.
Во периодот од 11 часот до завршување на манифестацијата ќе биде затворена за сообраќај улицата „Филип Втори Македонски“, на потегот од булеварот „11 Октомври“ до булеварот „Гоце Делчев“, како и кеј „Димитар Влахов“ и кеј „13 Ноември“ во делот на мостот „Слобода“.
СВР-Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим.