Балкан
Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија
Силен земјотрес со јачина од 5.2 степени и интензитет од пет степени претпладнево ја потресе Албанија, а истиот бил почувствуван и низ соседните балкански земји, меѓу кои и во Македонија.
Епицентарот на земјотресот бил 30 километри северозападно од градот Тирана.
За сега не се пријавени евентуални штети.