Вести
Земјотресот кој ги разбуди скопјани почувствуван и во Косово и Србија
Силниот земјотрес кој рано изутринава ги разбуди скопјани, освен паника и страв кај населението, не предизвикал дополнителни штети.
Тресето било почувствувано и во околината на Скопје, но и во Србија и Косово, а граѓаните кои живеат на повисоките катови велат дека по главниот удар почувствувале и неколку помали тресења.
Инаку, земјотресот бил со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала. Епицентарот бил кај скопското село Мралино, на 13 километри источно од Скопје.
Соопштение пристигна и од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од таму велат дека земјотресот се случил во 04 часот и 08 минути со Рихтерова локална магнитуда 4.2. Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.