Актуелно
Земјотресот на Лефкада го поместил островот за 36 сантиметри!
Земјотресот, што во вторникот ја погоди Лефкада, го поместил островот за 36 сантиметри, јавија грчките медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во потресот загинаа две лица, а предизвика е и голема материјална штета.
Националната опсерваторија во Атина соопшти дека јонскиот остров се поместил кон југ, а горниот слој од почвата претрпел деформации до 20 сантиметри.
Во меѓувреме, се уште траат последователните потреси. До доцна синоќа биле регистрирани околу илјада земјотреси.