Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Земјотресот во Кукуш предизвика минимални оштетувања на објекти во Дојран

Вести

Земјотресот во Кукуш предизвика минимални оштетувања на објекти во Дојран

Земјотресот со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 25 километри од северозападно од грчкиот град Кукуш, кој изутрината во 5:24 часот беше почувствуван и во југоисточниот дел на Македонија, предизвика мали оштетувања на дел од објекти во Стар и Нов Дојран.

Жители изјавија дека забележани се мали изронувања на малтерот од куќите и напукување на ѕидовите од постарите куќи и други објекти.

Според градоначалникот на Стар Дојран, Анго Ангов, жителите не пријавиле штети предизвикани од земјотресот.

И во струмичко Ново Село, кое географски е многу блиску до епицентарот на земјотресот, нема оштетувања на објекти.

Во Дојран земјотресот бил со јачина од VI до VII степени според Европската макросеизмичка скала, во Гевгелија, Валандово и Струмица – VI степени, а во Кавадарци, Радовиш, Берово – V степени, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил почувствуван и во Бугарија, во областа на градот Петрич.

Синоќа се регистрирани серија земјотреси кои потекнуваат од граничниот регион меѓу Дојран и Кукуш, а најсилниот се случил изутрината.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.