Вести
Жан Митрев Клиника одбележа 18 години (ФОТО)
Милион и петстотини илјади третирани пациенти и над триесет илјади направени операции на пациенти од цела Европа, се бројките кои ја одбележаа 18 годишнината од Жан Митрев Клиника.
Во присуство на вработени, политичка и дипломатска елита, како и пријатели им се презентираа сите достигнати резултати, предизвици и идни стратегии за Клиниката.
„Во 2000 година ги поставивме темелите на современите медицински услуги преку Специјалната Болница по хируршки болести „Филип Втори“ која ја конципирав како модерна единица за интензивна нега со врвна функционална операциона сала во тоа време. Од 2003-та година горди сме што ја направивме првата операција на отворено срце на буден пациент, за што во 2004 –та година болницата доби високо меѓународно признание. Година дена подоцна започнавме и со третман на вродени срцеви заболувања. Првиот АSD occluder (преткоморно чадорче) беше успешно поставен, на преткоморен дефект кај 4 годишно момче“ изјави Академик д-р Жан Митрев, сопственик на болницата и реномиран кардиоваскуларен хирург
Како врвна здравствена установа претставува софистициран центар со најсовремена дијагностика во повеќе области од медицината, подржана со модерна хирургија, анестезија и единица за интензивно лекување. 2008 година се отвори модерен дијагностички центар и започна нова ера на современа компјутерска дијагностика за рано откривање не само на каротидната болест и мозочниот удар , на периферната васкуларна болест и настанување на гангрената, туку и за рано откривање на ракот. 10 години постоење поминаа со многу награди, организирани работилници, учества на меѓународни стручни собири. Визијата за врвна медицина 2011 водеше кон поставување на темелите на новата болница. 2013 е издадена книга кардиоваскуларни решенија која помага на секоја индивидуа, или пак лекар да најде одговор за многу здравствени проблеми од областа на кардиоваскуларните заболувања. Периодот од 2013-2016 помина во организирање и градба на нова модерна зелена ЕКО тип А зграда со ефективна работна површина од 17.000м2.
„Клиниката се карактеризира со системи кои се вградени во објектот во насока на висока енергетска ефикасност, максимална безбедност и функционалност. Преку нив објектот има најниска емисија на CO2, создаден да ги задоволи највисоките стандарди во градењето, работењето и одржувањето на нашата модерна клиника. Направена е максимална заштита од можност на загадување на стоечката вода, со што е постигната и највисока превенција од појава на микрозагадувања. Болницата работи 24 часа на ден па затоа одржување на температура, влагата и потребен број на измени на воздух се строго контролирани.“ додаде Академик д-р Митрев.
На 01.03.2016 година ја отворивме новата болница. За прв пат во Македонија започна нов концепт во медицината-персонализирана медицина базирана на генетската предодреденост на секоја индивидуа. Се одржа 6-тиот собир на здружението- нови тродимензионални техники во ехокардиографијата. Започнавме со реорганизација и спроведување на ЈСI – американски стандарди за безбедна медицина на секој пациент, Др Митрев ја направи 4-тата автотранспланатација во Македонија и одбележавме 20-години од првата направена трансплантација. 19.10.2017 Најдобри во спроведување на ЈСI акредитацијата, за една година спроведени сите стандарди на работа. 17.01.208 д-р Митрев е примен за почесен член на Европската Академија на науките,уметностите и литературата.
Во болницата се применуваат најсовремените стандарди за хигиена и превенција на интрахоспиталните инфекции, потпомогнати со модерната технологија која е имплементирана
За потребите на пациентите, интегриран е систем поврзан со софтверската апликација за Жан Митрев Клиника која овозможува на корисниците директно преку нивните мобилни уреди да закажуваат прегледи.
Болницата која во 2000-та година започна со 10-тина вработени денес има над 300. Можеме да се пофалиме со вкупно 1.5000.000 третирани пациенти и над 30.000 направени операции на пациенти од републиката и од цела Европа.
Знаејќи дека својот успех го должиме на довербата и лојалноста на нашите клиенти и на пошироката заедница во која дејствуваме, својата благодарност постојано ја изразуваме преку општествено одговорни активности, како и преку поддршка на спортот, образованието, културата и уметноста.
Денес прославуваме полнолетство, матура на нашата работа. Матурскиот испит го положивме со добивање на JCI американската акредитација за болници. Тоа се 18 години професионалност, квалитет и посветеност кон нашите пациенти, процес на создавање и зреење, како што е и биолошкиот процес на раѓање и зреење на една личност
Ги создадовме највисоки стандарди во медицината и ги направивме достапни за секој пациент.