Актуелно
Жена загина од удар од автобус кај Мислешево
Жена го загуби животот во сообраќајна незгода што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, кај селото Мислешево.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја потрврди незгодата, која според него, се случила околу 21 часот кога автобус, од засега непознати причини удрил во жената која се движела на патот. Од ударот жената, чиј идентитет не е соопштен, починала на местото, а екипа на Итната помош од Струга само ја констатирала смртта.
Увид извршиле јавен обвинител и полициски службеници од Полициската станица – Струга, а истрагата треба да утврди под кои околности се случила незгодата.
Повеќе детали полицијата најави во текот на денот.