Актуелно
Жестоки судири пред Владата: Полициските специјалци ги потиснаа демонстрантите
Насловната фотографија е преземена од Фејсбук
Протестот пред Владата на Република Македонија ескалираше откако полицијата употреби сила врз демонстрантите и новинарите. Како што јавуваат репортерите од терен, повредени се неколку демонстранти и новинари, како и фоторепортери на повеќе редакции.
Во неколку наврати опремените специјалци ги поттиснаа незадоволните граѓани кои не престануваа да скандираат и да фрлаат со предмети кон Владата. Граѓаните се најдоа пак на улица откако кордон на специјалци го зазедоа редот на линија на знамињата.
Според информациите, употребени се и шок и димни бомби. На терен се поставени и неколку водени топови.
По четиричасовниот протест, тензијата на улиците расте. На улиците се запалени и повеќе контејнери.
Револтирани од прислушуваните разговори коишто ги објави денеска опозициската СДСМ, учесниците на протестот бараат оставки од премиерот и од министерката за внатрешни работи.