Вести
Жителите на Тимјаник не дозволуваат Дом за деца со попреченост
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, попладнево се сретна со жителите на селото Тимјаник, но не успеа да ги убеди старата селска амбуланта да се обнови и пренамени во дом за неколку деца со пречки во развојот, кои требаше таму да бидат таму преместени од Заводот во Демир капија, за да имаат нормални услови за живот.
– „Не сме против мал групен дом, но местото е несоодветно. Не е вистина дека не ги сакаме лицата со попреченост. Но, на ова место според нашите сознанија требаше да има градинка. Во близина има откупен центар и училиште, нема двор, регионален пат е, не одговара за мал групен дом“, ѝ рекоа денеска жителите на селото Тимјаник на министерката Царовска.
– „Вашите деца имаат дом, семејство, љубов. За разлика од нив, децата како тие во Заводот живеат во големи институции и потребно им е поголемо внимание, нега, љубов“, им рече министерката.
Закажана е и нова средба за решавање на ова прашање.